




Проектот претставува современ начин за запознавање со богатото културно наследство на Битола. Преку 360° виртуелна прошетка, интерактивна мапа и впечатливи фотографии, ќе можете да прошетате низ чаршијата како да сте таму, директно од вашиот компјутер или мобилен телефон. Цели на проектот:
Да ја промовира старата битолска чаршија како културно-историска дестинација.
Да ги поддржи локалните занаетчии и традиционалните занаети,
Да поттикне интерес кај младите и туристите за културното наследство.
Да го зајакне чувството на гордост и припадност кон локалната историја и идентитет.
Проектот е финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија, како проект од национален интерес во културата од областа на недвижно културно наследство.


A question, a correction or an idea about the bazaar — write to us.

0107